петок, 29 септември, 2023

Нови ограничувања: Владата воведува ЗАБРАНА ЗА ВЛЕЗ во јавни објекти за НЕВАКЦИНИРАНИТЕ во Словачка

Нови ограничувања за невакцинираните луѓе во обид да се намали  последниот наплив на инфекции со коронавирус што предизвика „критична“ ситуација во болниците во земјата.

Премиерот на Словачка, Едуард Хегер денеска изјави дека неговата влада во четврток ќе гласа за најновите предлози на советодавната група медицински експерти кои ќе бидат ефективни три недели. Меѓу предложените мерки, на лицата кои не се вакцинирани ќе им се забрани влез во сите несуштински продавници, трговски центри, спортски сали, базени и хотели. Исто така, нема да им биде дозволено да присуствуваат на масовни јавни собири како спортски настани.

„Ситуацијата во болниците е критична“, рече Хегер, додавајќи дека некои болници веќе се на границата за прием на пациенти со Ковид-19 во нивните единици за интензивна нега и ги префрлаат новите пациенти во други установи.

Невакцинираните лица ќе можат да влезат на своите работни места со негативни тестови.

Доколку ситуацијата не се подобри во следните три недели, владата е подготвена да воведе уште повеќе ограничувања, рече премиерот. Тој ги повика невакцинираните Словаци да се вакцинираат.

Бројот на пациенти со Ковид-19 на кои им е потребно болничко лекување се искачил на вкупно 2.826, при што 225 се примени само вчера, соопштило Министерството за здравство. Над 81% од хоспитализираните не се целосно вакцинирани.

Словачка, една од најтешко погодените земји од Европската унија, има една од најниските стапки на вакцинација во блокот од 27 нации. Само околу 45% од нејзините скоро 5,5 милиони се целосно вакцинирани.

Со најновиот пораст, новите инфекции со коронавирус во Словачка достигнале рекордно дневно ниво од 7,244 случаи во петокот.

Извор: Канал 5

Коментари

коментари