вторник, 18 јануари, 2022

Кастриот Реџепи: Потписите се земени во конфузија, имаше контрадикторности

Пратеникот Кастриот Реџепи, поканет во емисијата „360 степени“ на Алсат, објаснувајќи што се случи минатата недела во собранието, рече дека во моментот кога се земени потписите за разрешување на Владата имало многу контрадикторности и се било конфузно.

„Прашањето за потпишување и прашањето што можело да се случи во четврток се две различни работи. Тоа секако ќе го доведеше во знак прашалник прашањето за правецот на државата.

Во моментот кога потпишавме, каде и таму има многу противречности, за што се собраа потписите, бидејќи некои велеа дека овие потписи се за ова, се за она, ќе биде Левица, нема да биде Левица.

Но, без разлика на ова, потписите се земени во време кога државата немаше премиер, бидејќи беше во оставка“ – рече Реџепи.

Извор: alsat.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!