понеделник, 15 август, 2022

ГРУБИ: За мнозинство се преговара со СИТЕ, освен со ЛЕВИЦА

Владејачките коалиционери, оптимисти – ќе го шират владејачкото мнозинство. Ширум отворени порти поставија за пратениците кои ги делат интересите на Владата и нејзините партнери – да им се приклучат на мнозинството. 

Првиот вицепремиер Артан Груби вели дека комуницираат со сите партии од опозицискиот блок, со исклучок на Левица – децидни се дека нема ни да стапат во контакт со партијата на Апасиев.

„Ова парламентарно мнозинство, оваа Влада опстои и шансата да се добие датум за отпочнување на преговори на 14 декември веќе е реална. Сметам дека парламентарното мнозинство и пратениците кои поддржуваат евроатлантска Северна Македонија ќе расте и убеден сум дека во деновите пред нас и други пратеници ќе се придружат на ова парламентарно мнозинство кое ќе расте и ќе опстои за да ја спроведе програмата што ја поддржаа граѓаните на парламентарните избори“ – рече Груби.

Сепак, оптимизмот се уште не е е на цврсти нозе.

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши денеска за ТВ24 вели дека се уште не водат никакви преговори за приклучување во Владата, засега остануваат во опозиција. 

Партијата на Гаши брои четири пратеници и на неа се смета за зајакнување на мнозинството. Од БЕСА пак бараат СДСМ и ДУИ да престанат со притисоци врз нивните пратеници.

И додека траат преговорите со пратеници, оставката на Зоран Заев главна тема кај политичките опоненти СДСМ – ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозицијата предвидуваат уште побрз пад на Владата доколку се одложуваат оставките.

Оставките се само одложени дури не се стабилизира состојбата во земјава – тврдат од СДСМ.

Голем број прашања чекаат одговори, а во игра неколку сценарија. Премиерот Зоран Заев ја најави оставката но се уште ја нема депонирано. Коалицискиот партнер ДУИ пак најавија дека со екипирање на владејачкото мнозинство планираат да владеат во следните две ипол години. 

Од ВМРО-ДПМНЕ пак решението за политичката состојба во земјава се само предвремени парламентарни избори.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!