




Две лица, 22-годишна девојка и 14-годишно момче, загинаа во сообраќајна несреќа што се случи на патот кон Врбовски, кај населбата Бесни Фок, кога возилото излетало во каналот.
Несреќата се случила околу 5.20 часот утринава, соопштија за РТС од местото на несреќата, каде пожарникари биле повикани да го извадат автомобилот.




Семејството на четиринаесетгодишниот С.С кој рано утринава загина, вели дека во 5 часот утринава им се јавиле од полицијата информирајќи ги за трагедијата.




Како што напиша 24седум, момчето било излезено заедно со неговата братучетка од тетка и нејзиниот пријател и момче, со чиј автомобил слетале во каналот. Според семејството, договорот бил Л.З.(22), да го врати помалиот братучед дома до 1 часот по полноќ.За жал двајцата, 14 годишниот С.С. и неговата братучетка, 22 годишната Л.З. починале од повредите на лице место.




Како што објаснуваат од семејството, мајката будна го чекала синот цела ноќ. Беше загрижена да не се врати дома во договореното време… Постојано му се јавуваше на телефон, но тој беше недостапен – велат членови на семејството.




-Беше недостапен, таа беше загрижена и го чекаше… Во четири часот наутро и се јавила полиција да ја известат за страшната несреќа…
Полицијата била известена дека нешто се случило од страна на С.В, дечко на починатата Л.З., тој им кажал дека неговата девојка заедно со својот помал братучед, го зеле автомобилот на влезот во населбата Врбовски за таа да го одвезе дома и дека не се вратила назад, а телефонот и бил недостапен.




Полицијата набрзо пристигнала на лице место, но потрагата по возилото била отежната поради големата магла која синоќа се спуштила во овој дел од градот.




Два часа подоцна полицијата забележала автомобил во каналот. Пожарникарите го извлекле возилото до брегот, а лекарите можеле само да констатираат смрт на тинејџерот и неговата братучетка …




Како што засега е утврдено, тие изгубиле контрола над возилото во големата кривина и излетале од патот во каналот. Целиот преден дел од возилото бил под вода, од брегот се гледале само задните две тркала и багажникот.




Мештаните кои живеат на оваа делница велат дека синоќа не слушнале ништо дека се случила несреќата и дека разбрале што се случило кога утрово ги виделе полицајците во близина на каналот.