понеделник, 28 ноември, 2022

ОПАСНИОТ „ДЕЛТА ПЛУС“ СОЈ СЕ ПОБЛИСКУ ДО МАКЕДОНИЈА – ЕВЕ во која соседна земја е регистриран

Во Косово регистриран e делта плус сојот на коронавирусот. Има регистирано 12 инфицирани лица со овој видот на коронавирусот, објави денеска косовското Министерство за здравство.

Делта плус сојот е тестиран на 59 луѓе во лабораторија во Германија. Регистрирани се и уште 47 инфекции на делта видот на коронавирусот.

Косовските власти соопштуваат дека делта варијантата е најдоминантна меѓу новозаразените случаи на Косово и дека исто така постои опасност од проширување на делта плус сојот. Делта плус е нов вид, а според експертите тој се шири побрзо.

Овој сој беше откриен во Грција и Хрватска. Во Србија иако не е потврдено, се верува дека овој сој веќе циркулира меѓу новозаразените лица.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!