среда, 1 декември, 2021

Кои ПЛАТИ ќе се ЗГОЛЕМАТ во 2022? – Бесими: Кризата се смета за завршена

Подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, грижата за здравјето, економски раст, инвестиции и поддршка на реформите во правосудството и евроатланските интеграции се приоритетите на Владата во Предлог буџетот за 2022 година. Буџетот за 2022 година ќе изнесува околу 4,4 милијарди евра.

„Во текот на 2021 година во првиот квартал, продолжи да се чувствува кризата со негативен раст на БДП, кој во текот на вториот квартал достигна раст од 13,1 % со што официјално според статистичката методологија кризата се смета за завршена“, истакна Фатмир Бесими.

За плати се предвидени 531 милион евра или ќе има покачување во здравство за 5%, 15% судство, 15% обвинителство, 7% образование, култура и 10 % инспекциски служби.

„Главните цели на остварување на буџетот за 2022 години се следните четири и тоа: продолжување на грижата за заштита на населението, економско заздравување и забрзување на растот , зголемување на инвестиции, поддршка на реформите во правосудството и евроатланските интеграции“, додава Фатмир Бесими.

Според планот за забрзан екононски раст 4 милијарди евра се предвидени инвестиции од јавниот сектор и дополнително 8 милијарди евра приватен капитал во наредните 5 години. Дефицит од 3,5 милијарди евра, приходи од 238,9 милијарди евра и расходи од 272 милијарди евра.Државата планира да се задолжи со околу 500 милиони евра за да го покрие планираниот дефицит во Буџетот за 2022 година.

Извор: ТВ21

Коментари

коментари

error: Content is protected !!