За првпат од почетокот на панде*ијата во март 2020 година, дискотеките во земјава ќе можат да почнат со работа.




Ноќните журки во баровите и ноќните клубови со 50 отсто исполнетост од капацитетот во затворен простор се дозволени во согласност со моменталната епиде*иолошка состојба во државата и се на предлог на Комисијата за заразни болести.




Се дозволува работа на барови и ноќни клубови – дискотеки, како и на угостителските објекти кои се регистрирани за прослави (веселби, свадби, родендени, крштевки и слично) во затворениот дел на објектите до 50 отсто исполнетост од капацитетот на просторот, гласи одлуката.




Сепак, за влез во секаков вид на угостителски објекти, како и организирани настани од секаков вид, неопходно ќе биде по 15 ноември да се поседува сертификат за извршена им*низација со две дози или сертификат за прележана болест во последните 45 дена. До 14 ноември за влез во ваквите објекти ќе се бара сертификат за извршена им*низација со примена прва доза или сертификат за прележана болест во последните 45 дена.




Дозволено е организирање и одржување на семинари, обуки, курсеви, состаноци, работилници, конференции и слично, во затворениот дел на објектите до 50 отсто исполнетост од капацитетот на просторот.