вторник, 18 јануари, 2022

ВРАБОТЕН во психијатриска болница бил ПРЕТЕПАН ОД ПАЦИЕНТ: Лекар од Итната помош го пријавил случајот

МВР информира дека вработен во Психијатриската болница Демир Хисар бил нападнат од пациент додека бил на работното место.

-На 25.10.2021 во Полициската станица Демир Хисар, лекар од Итна медицинска помош Демир Хисар пријавил дека кај нив помош побарал Р.П.(53) од с.Слепче, демирхисарско.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите при физички напад од пациент во Јавната здравствена установа – Психијатриска болница Демир Хисар, каде Р.П. бил вработен, велат од полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!