среда, 1 декември, 2021

Тинејџер и малолетник се судрија со автомобили, повредени три лица

На 23.10.2021 во 13.50 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на крстосница од регионалниот пат Гостивар – с.Чегране и локален пат во с.Форино се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“, со гостиварски регистарски ознаки,

управувано од В.Р.(18) од с.Форино и патничко возило „опел зафира“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од малолетник од Гостивар.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот В.Р., а со телесни повреди се здобил малолетниот возач и малолетен сопатник во возилото „опел“, констатирани во Ургентен центар Гостивар, велат од МВР.

Увид извршила екипа од Полициската станица Гостивар.

Извор: kurir.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!