среда, 1 декември, 2021

ТАЖНА ВЕСТ: Почина познат македонски писател, универзитетски професор, теоретичар и лингвист, преведувач, полемичар – Атанас Вангелов

По тешко боледување денес почина Атанас Вангелов, писател, универзитетски професор, теоретичар и лингвист, преведувач, полемичар, соопшти Друштвото на писатели на Македонија.

Освен како професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, тој е познат и како книжевен теоретичар, преведувач, поет и драмски автор. Вангелов има напишано над 20 книги поезија, проза, драма, критика и студии.

Бил претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата (СВП) и лектор по македонски јазик и литература во Париз, а од 1967 е член на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ).

Добитник е на наградите „Млад борец“, „Браќа Миладиновци“, „Божидар Настев“, „Димитар Митрев“, „Златно перо“, „Григор Прличев.

Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“, во согласност со Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на законот за државните награди („Службен весник на РМ“ бр. 52/06, 54/07, 74/12 и 99/18) и Правилникот за работа на Одборот,

на својата последна седница донесе одлука за доделување на државната награда „11 Октомври“ во 2021 година за највисоко признание за животно дело токму проф. д-р Атанас Вангелов, филолог.

Извор: ulica.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!