среда, 1 декември, 2021

МВР со детали за вчерашната сообраќајка во која повредени се три лица

Министерството за внатрешни работи соопшти детали за вчерашната тешка сообраќајка на Илинденска помеѓу два автомобили во која повредени се три лица.

„На 22.10.2021 во 19.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Илинден“ и ул.„Никола Тесла“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“, управувано од И.Е.(31) од Скопје и патничко возило „даихатсу“, управувано од С.Г.(52) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, додека со телесни повреди се здобила Р.Е.(28) од Скопје, сопатничка во возилото „цитроен“, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје“, велат од МВР.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!