среда, 1 декември, 2021

НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО: Албанија следната година ќе лансира сателити во вселената

Премиерот Еди Рама објави дека Албанија следната година ќе ги лансира своите први сателити во вселената, во соработка со компанијата на Илон Маск, „СпејсЕкс“.

„Албанија во орбитата, неверојатно, но вистинито“, вели Рама во видеото објавено на социјалните мрежи.

Првиот албански сателит наречен „Албанија 1“ ќе биде испратен во вселената во март, додека лансирањето на „Албанија 2“ ќе следува во јуни. Рама не изнесе информации за типот на сателитите, додавајќи дека „СпејсЕкс“ го запознал со деталите за лансирањето.

„‘Албанија 1‘ и ‘Албанија 2‘ ќе ни овозможат да ја засилиме контролата врз целата територија на земјата“, изјави Рама.

Извор: ТВ21

Коментари

коментари

error: Content is protected !!