среда, 1 декември, 2021

Член на ИСТОРИСКАТА КОМИСИЈА со Бугарија поднесе ОСТАВКА: Имаше обиди за политичко влијание, останатите членови да не ја „виткаат кичмата“

Еден член од историската комисија со Бугарија поднесе оставка од функцијата. Станува збор за Ванчо Ѓорѓиев, кој низ соопштение ги објасни причините за таквата одлука:

„Раководејќи се од професионалниот интегритет и личните принципи, ја известувам македонската јавност дека од денес, 22.10.2021 година, ја напуштам работата во Заедничката

мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Одлуката е мотивирана од следниве околности:

1, Во последно време имаше отворени обиди за политичко влијание врз работата на Комисијата што кулминираше во текот на првиот работен ден (21.10.2021 година) на XV редовна средба преку директно мешање во стручната работа од страна на висок функционер во МНР;

2, При такви околности, под влијание на двојното водство во македонскиот дел од Комисијата, се отстапи од утврдените принципи за консензуално носење одлуки по сите прашања; при што не беше испочитувано договореното на координативниот состанок од 20.10.2021 година;

3, Нагласувам дека изготвените и разменети предлог-идеи, донесени и разменети во текот на вчерашниот ден од страна на македонскиот дел од Комисијата за препораки за учебниците за VII одделение за македонските учебници, се без моја согласност;

4, Демонстрираните ставови на последната средба од страна на другите членови на македонскиот дел од Комисијата, не само што се во спротивност со Резолуцијата усвоена на 29.07.2021 година од македонското Собрание, со која се утврдуваат црвените линии во преговорите меѓу Република Македонија и Република Бугарија, туку и со македонските национални интереси;

5, Ги охрабрувам членовите на Комисијата кои повремено споделувале со мене слични ставови и вредности, да не ја „виткаат кичмата“.“ – се вели во соопштението.

И министерот за надворешни работи Бујар Османи потврди дека еден член од Комисијата поднесе оставка. Османи информира дека тема вчера на Комисијата бил цар Самоил и неговото присуство во учебниците.

-Еден член се повлече од Комисијата, но таа продолжува со работа, има уште 6 членови. Се уште немам доволно информации зошто е тоа така, но веднаш после прес-конференцијава ќе се распрашам. Изразив револт и сум разочаран зошто ова не беше состанок со физичко присуство, но важно е Комисијата да продолжи со работата, потенцира Османи.

Извор: TV21

Коментари

коментари

error: Content is protected !!