среда, 1 декември, 2021

БИЗАРНО: Кривична пријава против 2 лица – братот и мајката ги пријавиле како починати, со цел сестрата да се стекне со имотна корист

Денеска (22.10.2021) Единицата за финансиски криминал во Секторот за криминалистички истраги при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава до ОЈО Скопје против Т.Х.(43) од Скопје, поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ по чл.353 од Кривичниот законик и В.Т.(55) од Скопје, поради постоење на основи на сомнение дека сторила кривично дело „потикнување“ по чл.23 став 1 од Кривичниот законик.

Имено, првопријавениот Т.Х. во својство на службено лице-матичар во Управата за водење на матичните книги во Скопје, во текот на август 2020, поттикнат од второпријавената В.Т. ја злоупотребил својата службена положба и овластување на начин што постапил спротивно на процедурата за пријавување на починато лице и издавање извод од матична книга на умрени и спротивно на член 21 од Законот за матична евиденција.

Тој од второпријавената не ја обезбедил соодветната потребна документација за упишување на смрт и издавање на Изводи од матична книга на умрени, односно со непотполна документација ја впишал смртта на М.С. (брат на второпријавената) и впишал смрт на Љ.С. (мајка на второпријавената) иако истата е жива, а потоа издал и

Изводи од матична книга на умрени, кои на незаконит начин В.Т. ги искористила за поведување на оставинска постапка прикажувајќи се како единствен наследник, со цел стекнување значителна имотна корист за себе во вредност од 27.323.299 денари (444.281 евра), на штета на О.Б.С. (сопруга на М.С.) и нивните три деца.

Извор: ТВ21

Коментари

коментари

error: Content is protected !!