понеделник, 15 август, 2022

Велика Британија го додаде нервното пореметување на листата на ретки НУСПОЈАВИ од ОВАА ВАКЦИНА

Велика Британија додаде уште едно заболување на листата на ретки нуспојави на вакцината на АстраЗенека.

Британскиот регулатор за лекови додаде исклучително ретко пореметување кое ги оштетува нервите, Гилиан-Бареов синдром (ГБС) како ретка нуспојава од вакцината против Ковид-19 на компанијата АстраЗенека, пишува Ројтерс, пренесе хрватски Индекс.

Европската агенција за лекови (ЕМА) уште минатиот месец ја додаде ГБС како можна нуспојава од оваа вакцина.

Болеста доведува до нагло зголемување на мускулната слабост, која кога-тогаш резултира со парализа. Симптомите обично започнуваат со слабост, трнење и губење чувство на нозете.

Извор: press24.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!