




Кинескиот парламент ќе го разгледува законот за каз-ну-вање на родителите доколку нивните деца се однесуваат недолично или направат кривично дело.
Според новиот предлог закон за семејно воспитување, во случај на многу лошо или к-рим-ина-лно однесување на децата нивните родители/старатели ќе добијат опомена и ќе мораат да поминат низ програма за семејно образование.




„Постојат многу причини поради кои адолесцентите се однесуваат лошо, но главен е примерот на неприкладно семејно воспитување“, изјавил Занг Тивеи, портпарол на Законодавно -правната комисија на Националниот народен конгрес.




Нацрт законот, кој оваа недела ќе се разгледува на седницата на Законодавно -правната комисија на Националниот народен конгрес исто така ги повикува родителите на своите деца да им обезбедат време за одмор, игра и вежбање, пишува Ројтерс.




Извор: kanal5.com.mk