среда, 1 декември, 2021

СЕ РУШАТ ЦРНИ РЕКОРДИ: Четврти ден по ред има рекорден број новозаразени со ковид од почетокот на пандемијата во Русија

Руската влада објавила дека се откриени 34.303 нови случаи на инфекција во последните 24 часа, што е најголем број од почетокот на пандемијата. Починале 997 луѓе.

Еден ден претходно, вчера, за прв пат ја поминале границата од илјада смртни случаи во еден ден, со 1.002 смртни случаи.

Зголемувањето на бројот на заразени се случува додека само 32 проценти од населението во Русија, обично сомничави за вакцината, е вакцинирано, пишува агенцијата Франс прес.

Русија, исто така, има мали ограничувања поради пандемијата, иако неколку региони вовеле QR кодови за пристап до јавни места.

Кремљ, во обид да ја спаси економијата, одбива општо затворање на државно ниво, но смета дека ниската стапка на вакцинација е „неприфатлива“.Вирусот брзо се шири поради непочитување на физичката дистанца, пренесува француската агенција.

Од почетокот на пандемијата, руската влада објавила 223.312 смртни случаи од вирусот, што е најголем број во Европа.Институтот за статистика Росстат, кој има поширока дефиниција за смртните случаи поради Ковид-19, проценува дека бројот е повеќе од 400,000 починати.

Извор: kanal5.com.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!