среда, 1 декември, 2021

ЕВЕ КАКО ДА ПРОНАЈДЕТЕ ЗЛАТО БЕЗ ДЕТЕКТОР: Во Македонија се претпоставува дека ИМА НАД 250 ТОНИ

Научници откриле дека некои видови дрвја можат да послужат како показатели за местата каде има големи наоѓалишта на злато.

Според студијата објавена во списанието „Nature Communications“, откритието треба да го олесни пронаоѓањето на подземни наоѓалишта на непристапни места.

Д-р Мел Линтерн, геохемичар од австралиската асоцијација за научни и индустриски истражувања на Комонвелтот (ЦСИРО), вели дека неговиот тим открил дека некои дрвја, како еукалиптус кој пушта корени на длабочина од околу 40 метри, пренесува златни честички од почвата до лисјата.

Лесно достапните локации во Австралија и низ целиот свет веќе се пронајдени во голема мерка, вели Линтерн, па затоа е неопходно да се бараат нови извори што е тешко да се најдат. А, според него ги има многу, посебно по Европа и на Балканскиот полуостров.

„Се обидуваме да откриеме повеќе недостапни извори лоцирани под десетици метри седименти и дини од песок. Дрвјата ни нудат нов метод со кој можеме да го сториме тоа “, објасни тој.

Користејќи австралиски синхротрон, огромен уред кој користи Х-зраци за да ги испита материјалите во детали, тимот на Линтер открил траги од злато во лисјата, кората и гранчињата на некои дрвја.

Овие количини се минијатурни. Просечната концентрација на злато во листовите од еукалиптус е само околу 46 делови на милијарда, односно помалку од 0,000005 проценти од тежината на растителното ткиво.

Експертите веруваат дека златото е токсично за дрвјата, па дрвата се обидуваат да го складираат во екстремитети како лисја или во делови каде што нема клетки за да ги намалат штетните биохемиски реакции.

Откритието исто така треба да овозможи да се бараат нови извори на злато што би биле помалку инвазивни за животната средина.

„Овој метод не само што е поевтин, бидејќи потрагата по наслаги е прилично скапа, туку и ја намалува штетата на животната средина затоа што земаме многу мали примероци од дрвја, како и од лисја и гранчиња што испаднале“, вели Линтерн.

Истиот метод може да се примени за пребарување на други метали, како што се железо, бакар и олово во сите делови на светот како и поголема колична на закопано богатство ако е закопано многу длабоко во земјата. Исто така, тој споменува дека и во буката и дабот може да има минијатурни златни честички.

Во Македонија, со години кужат разни приказни за големи количини на закопано злато и разни други вредни предмети. Обично се се сведува на легенди и преданија, а и не може да се знае дали некој навистина нашол богатство? И да го нашол, нема да каже…

Па, според дел од приказните, големо богатство злато од Отоманската банка во Битола, кое, според легендите е закопано во близина на Расимбеговиот мост на Црна Река во Мариово. Преданието вели дека при пропаѓањето на Турската империја, Ос0ман-лии-те се обиделе да однесат во Турција околу 1200 килограми злато од Отоманската банка во Битола.

Златото во шипки било скриено околу Расимбеговиот Мост на Црна Река во Мариово, откако пропаднале обидите да се пренесе преку Лерин. На вториот “ксмет”, поворката со наор-ужан аск-ер со до за=би, тргнала со десетина маски со сан-даци со злато по течението на Црна Река кон Цариград. Кај Расимбегов Мост, водачот со пријател првин ги уб=ил мазгите, а потоа војни-ците. Бидејќи златото не можеле сами да го носат, го закопале длабоко во мариовската земја.

Друго предание продолжува да кажува дека арамиите направиле карта за местото каде го закопале златото. Едниот ограб=увач заминал за Швајцарија, а другиот за Турција со намера да се вратат и тајно и мирно да го земат “плен-от”.

Некои спомнуваат дека кај Велес има закопано злато од 220 тони, во делчевско 30 тони.

Комитското злато се бара според преданијата и обично се закопувало во црквите под масата за причестување.

Се копало на разни локалитети низ државата: во Близина на Катланово, во Делчевско, Струмичко, Радовишко, во близина на Црна Река и на многу други места.

И во пештерите низ Македонија се криело богатството, злато, накит. Тие што го криеле богатството ставале отро-вни или ха-лу-цино-гени печурки околу него, за тој што ќе го пронајде да не пре-живее. И во Катланово се трагало по закопано злато вредно неколку милиони евра…

Знаци и симболи

Многу ло-вц-и на богатство веруваат дека ќе дојдат до закопано богатство, ако ги следат знаците кои водат кон златници. Многу од тие знаци на обичниот човек не му значат ништо, но на ло-вци-те на злато тоа им е водич до богатство. Ова се некои од универзалните патокази, за кои трагачите тврдат дека може да ви помогнат да дојдете до големо, закопано богатство.

Шкорпија

Овој знак воглавно се поврзува за оп-ас-ност. Често оди во пар со следните знаци: базен или река, бунар, подрум, млин. Доколку тие знаци се наоѓаат пред шкорпијата, таа тогаш не покажува оп-ас-ност, туку треба да обрнете внимание на положбата на опашката, дали е издигната или во хоризонтална положба (покажува патека) или дали една од клештите (пипките на шкорпијата) е поголема од другата (исто така може да покажува патека, обично во прашање е разгранување на тунели на две страни).

Риба

Знак кој се смета за точна локација на богатство. Во зависност дали е надвор или во пештера, се врши пребарување околу најблиската вода (река, езеро, бара) и воглавно тоа подрачје е дефинирано со величината на самиот знак. Доколку рибата се наоѓа во пар, значи дека наоѓалиштето е помеѓу две водени површини.

Прстен

Во мноштовото истражени пештери, прстенот е она што најмногу ги загрижува трагачите, во доста случаи е конкретна опасност со можни отр0ов-и, потребна е исклучителна мерка на внимание, се препорачува целосна заштита кај влез во такви пештери.

Исто така најденото богатство може да биде лесно от-ро-вно и потребна е адекватна процедура на проверка, контрола и обработка кај такво најдено богатство. Прстенот исто така со својата големина упатува на опсегот во кој пребаруваме, што е помал пречникот, толку поблизу сме до она што го бараме.

Заб

Означува или влез во тесен тунел или копање во близина на знакот.

Крст

Ако постои текст кај крстот, воглавно крстот ги покажувал страните на светот и правецот на барање бил на исток. Ако крстот има две хоризонтални линии се однесува на опасност и препреки, обично покажувал закопано богатство, но со некои ста-пи-ци или от-ров-и.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!