среда, 1 декември, 2021

Приведени четири лица за давање ПОТКУП ЗА ГЛАСОВИ

Синоќа околу 19 часот во Драчево, кај местото викано Аџево биле забележани лица кои давале пари во замена за глас за локалните избори.

Со оглед дека се работи за кривично дело поткуп при гласање, полицијата привела четири лица.

Според сознанија на Centar.mk, кај овие лица се најдени пари во кеш во висина од 121 илјада денари и девизи во висина од 250 евра. Неофицијално се работи за лица со иницијали Е.Б. (26), С.М. (27) Н.Б. (50) и Ј.М. (35).

За целиот случај е известен јавен обвинител, а извршени се и претреси во домовите на лицата, при што истите биле задржани во полициска станица.

Извор: centar.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!