среда, 1 декември, 2021

Преку ЛАЖЕН ПРОФИЛ на СОПРУГАТА на ПРЕТСЕДАТЕЛОТ Стево Пендаровски се крадат ПОДАТОЦИ од граѓаните и се земаат информации за кредитни картички

Денеска бил отворен лажен профил со име и презиме на првата дама на Македонија, Елизабета Пендаровска.

Од овој профил се злоупотребуваaт лични информации на граѓаните, исто како што се крадат и информации за кредитни картички.

На профилот има објавено повеќе лажни постови, со кои се манипулира народот дека ќе се изберат 100 добитници по случаен избор, и ќе им бидат донирани 5.000 евра.

Профилот  кој е на Фејсбук за кратко време се стекна со голем број фанови, а претпладнето имаше повеќе од 1.500 коментари и огромен број на споделувања. Во некои од нив имаше и критика дека се делат пари пред избори.

За лажниот профил кој зема лични податоци од граѓаните, запознаена е и самата Елизабета Ѓоргиевска како и Кабинетот на претседателот.

Од Кабинетот на претседателот за „А1он“ потврдиле дека знаат за случајот и се постапувало по истиот

„Ќе се пријави во МВР во компјутерски криминал, а веднаш кога е забележано, дополнително пријавено е и директно до Фејзбук“ – информирале од Кабинетот.

Првата дама се огласи и преку Фејзбук, каде напиша:

„Почитувани пријатели, многумина од вас ми пишаа за лажен профил направен со мое име. Пријавен е во Фејзбук и во МВР, но би ве замолила за побрза реакција од Фејзбук, да има што повеќе пријавувања. Ви благодарам“.

Извор: ulica.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!