понеделник, 18 октомври, 2021

Тажна вест го погоди македонскиот спортски свет: На само 38 години во Скопје почина поранешната ракометарка на Кометал, Јулија Портјанко

Ракометна Македонија е во шок и неверување по веста дека утринава, од засега непознати причини, почина поранешната репрезентативка и ракометарка на Кометал ЃП, Јулија Николиќ (Портјанко) на 38 годишна возраст.

Во редовите на европскиот првак Кометал Ѓорче Петров, Николиќ настапуваше од 2003 до 2009 година, а во меѓувреме заигра и за сениорската селекција на Македонија.

Откако доби македонско државјанство, ракометарката беше еден од најдобрите играчи во својата генерација, препознатлива по својата борбеност.

Од Кометал Ѓорче Петров во 2009 година, таа се пресели во Беледијеспор во Турција. Потоа играше и во Франција каде што беше прогласена за најдобар странски играч, а по враќањето во Македонија настапуваше и за екипата на ЖРК Вардар.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!