понеделник, 18 октомври, 2021

НОВ РЕВОЛУЦИОНЕРЕН ЛЕК ПРОТИВ КОРОНАВИРУСОТ: Компанијата „Мерк“ побара да ѝ се одобри „молнупиравир“ во борба против Ковид- 19

Американската фармацевтска компанија Мерк (Merck) побара од Американската администрација за храна и лекови (ФДА) да одобри нов лек за борба против ковид – молнупиравир.

Според американските медиуми, одлуката на ФДА ќе биде донесена во следните неколку недели и тоа ќе биде првиот официјален антиковид лек во светот. Други антиковид третмани одобрени од ФДА бараат интравенозно вбризгување или инекција.

Антивирусната таблета ќе се зема дома и ќе ги сузбие симптомите на ковид на почетокот на болеста и ќе го забрза закрепнувањето. ФДА ќе ги разгледа податоците на Мерк, ќе ја разгледа безбедноста и ефикасноста на лекот пред да донесе одлука, јавија американските медиуми.

Компанијата кажа дека склучила договор со американската влада за снабдување на 1,7 милиони терапии, по цена од 700 долари за терапија.

„‘Мерк‘ ќе произведе 10 милиони терапии до крајот на годината, а бројот ќе се зголеми во 2022“, соопшти компанијата.
Оттаму кажаа дека ќе понудат и други цени на лекот и ќе соработуваат со фармацевтски компании за да се забрза достапноста на лекот во земјите со низок и среден приход.

Извор: ulica.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!