понеделник, 18 октомври, 2021

УЖАС: Во тетовско Доброште сквернавена црквата „Свети Никола“

Членови на црковниот одбор на православниот храм „Свети Никола“ во тетовско Доброште денеска откриле дека е извршено сквернавење на икона поставена над влезната врата од објектот.

Станува збор за црква која е лоцирана во шумскиот предел од Доброште, а инцидентот е пријавен и во полицијата.

-Денеска околу 12 часот и 30 минути, Б.С.(57) од тетовско Доброште во Полициското одделение Теарце пријавил дека засега непознати сторители ја оштетиле надворешно поставена икона на црквата „Свети Никола” во ова село.

-На иконата била истурена боја, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Тетовските полицајци ошетувањето го фотодокументирале, по што сега ќе се работи на расчистување на случајот.

Извор: press24.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!