понеделник, 18 октомври, 2021

Се запали автомобил, од пожарот зафатено уште едно возило

На 11.10.2021 во 05.25 часот било пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар настанал пожар во патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.Б.(43) од Скопје, од кој бил зафатен и дел од уште едно патничко возило „сеат леон“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на фирма.

Повредени лица нема. Пожарот бил локализиран од Бригадата за противпожарна заштита, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Извор: centar.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!