понеделник, 15 август, 2022

Д-р Мехмедовиќ: Нè очекува пандемска зима – влошување на состојбата кон средината на ноември

Доктор Злате Мехмедовиќ за вестите на телевизија „Сител“ изјави дека не очекува пандемиска зима, бидејќи студеното време ќе ги натера луѓето повеќе да се концентрираат во затворени простории, а за влошување на ситуацијата со пандемијата ќе влијае и собирањето на митинзите.

-Секој контакт во затворен простор каде има повеќе луѓе е ризик, и самата кампања изборна сега е ризик која може да предизвика влошување на епидемиолошката состојба, но, сепак, ќе кажам дека ладното време и затворањето во простории е причина да очекуваме

пандемиска зима, која ќе биде непознаница бидејќи сега имаме и вакцинирани граѓани. Не би сакале мешањето односно комуникацијата во затворен простор меѓу вакцинирани и невакцинирани да биде причина за зголемување на бројот, вели др. Злате Мехмедовиќ.

Сепак, лекарите не стравуваат дека ќе ни се повтори минатогодишната зима кога болни молеа за болнички кревет, туку апелираат за што помасовна имунизација.

-Прерано е после изборниот процес, негде средината на ноември може да очекување влошување на состојбата, но пак ќе кажам го велам тоа со резерва бидејќи не е исто како лани кога сите знаеме како ја

поминавме зимата и мораше да бидат отворени и дополниутелни ковид центри меѓу кои и на интерните, сега има вакцинација и таа треба да биде интензивирана, вели Мехмедовиќ.

Извор: centar.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!