вторник, 18 јануари, 2022

Потврден нов случај на ебола – починало тригодишно дете

Нов случај на ебола е потврден на исток од Демократската Република Конго, изјави министерот за здравство Жан Жак Мбунгани, пет месеци по завршувањето на последната епидемија.

Тригодишно момче било позитивно на тестот во близина на градот Бени, еден од епицентрите на појавата. Момчето починало од болеста во средата, рече министерот Мбунгани.

Околу 100 луѓе кои можеби биле изложени на вирусот се идентификувани и ќе бидат следени за да се утврди дали имаат симптоми, додаде тој.

Внатрешниот извештај од биомедицинската лабораторија во ДР Конго покажува дека уште три деца во густо населената населба Буцили во Бени, исто така, покажале симптоми на ебола минатиот месец и починале, но никој не бил тестиран.

ДР Конго досега има регистрирано 11 бранови на епидемии откако болеста, која предизвикува сериозно повраќање и дијареа и се пренесува преку контакт со телесни течности, е откриена во екваторијалната шума во близина на реката Ебола во 1976 година. Повеќе од 2.200 луѓе починале во последниот бран на епидемијата (2018-2020) во источен ДР Конго.

„Благодарение на искуството стекнато во управувањето со вирусот ебола за време на претходните епидемии, уверени сме дека нашите тимови ќе можат да ја контролираат оваа епидемија што е можно поскоро“, рекол Мбунгани.

Не е невообичаено поединечни случаи да се појават по голема епидемија, велат здравствените експерти. Оваа болест обично убива околу половина од заразените, иако третманите развиени по рекордната епидемија во Западна Африка (2014-2016 година) значително ги намалиле стапките на смртност кога случаите се откриваат рано.

Извор: kanal5.com.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!