понеделник, 18 октомври, 2021

(ВИДЕО) Снимка што го ОБИКОЛИ СВЕТОТ: Патнички АВИОН се заглави под мост среде автопат

Видеата на кои се гледа како авион на „Ер Индија“ е заглавен под мост на автопат во Њу Делхи брзо се проширија на интернет.

Новинар од индиската новинска агенција АНИ Њуз сподели видео на Твитер, на кое се гледа како огромен авион е заглавен скоро точно на половина пат под мост, додека има густ сообраќај наоколу и возилата го заобиколуваат.

Сепак, ова не е резултат на обид да се „лета под мостот“ како што мислеле многумина. Авионот не бил во употреба во тоа време, додава новинарката Ашоке Рај.

Авионот заглавил под пешачкиот мост додека патувал на автопатот Делхи-Гуруграм, недалеку од меѓународниот аеродром Индира Ганди во главниот град на земјата, пишува Times of India.

Авионот бил надвор од работа и бил продаден во моментот на инцидентот, се наведува во соопштението на Ер Индија.

„Ова е стар, истрошен авион што веќе го продадовме“, рече портпаролот на компанијата. „Немаме дополнителни информации бидејќи се поврзани со лицето на кое е продадено“, се додава.

Авионот, како што наведуваат, бил преземен од купувачот во саботата, ден пред овој инцидент.

Видеото погледнете го ОВДЕ.

Извор: kanal5.com.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!