среда, 1 декември, 2021

ПО 20 ЕВРА ЗА СЕКОЕ ПОЛНОЛЕТНО ЛИЦЕ: Парите ќе им легнат на сметките во декември – Претставен сет од економски закони во Србија

Министерот за финансии на Србија, Синиша Мали, денеска во Парламентот претстави сет од четири економски закони, кои го дефинираат прашањето за исплата на 20 евра во декември за полнолетните граѓани на Србија.

Мали им го претстави на пратениците Законот за изменување и дополнување на Законот за привремениот регистар на полнолетните граѓани на Србија, на кои им се исплаќа финансиска помош за ублажување на последиците од пандемијата на коронавирусот.

-Ова е закон кој предвидува исплата на 20 евра за сите граѓани на Србија во декември годинава. Сите оние кои станаа полнолетни по 24 април 2021 година, можат да аплицираат за помош од 20 евра.

-Ја отвараме можноста за аплицирање на ист начин како и досега преку веб-страницата на Трезорската управа од 15 до 30 ноември – истакна Мали.

Извор: ulica.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!