понеделник, 18 октомври, 2021

Македонските фудбалери заминаа за Лихтенштајн

Најдобрата македонска фудбалска репрезентација отпатува за Лихтенштајн каде во петок че го одигра седмиот натпревар во квалификациите за СП во Катар. 

По краткиот собир во Скопје, македонските фудбалери попладнево заминаа за Лихтенштај каде ќе се обидат да ја прекинат низата од три нерешени средби во Мундијалските квалификации. 

Селекторо Благоја Милевски на располагање ќе ги има сите играчи, разбиорливо исклучот повредениот Барди, а во дуелот со последно рангираната селекција во нашата група, неговите избраници ќе ја бркаат третата победа во овие квалификации. 

Искуството од септемврискиот круг и пред се дуелиот против Исланд говори дека фаворитската улога на хартија, сепак ќе мора да биде оправдана на теренот

„На хартија ние сме фаворит, противникот има некои добри страни, но ние ќе се потрудиме да ги неутрализираме и да го покажеме најдоброто. Се спремаме максимално за мечот со Лихтенштајн и знаеме што треба да направиме да освоиме три бода. Важен ни е овој меч. Се надеваме дека се ќе биде во наша корист, покажавме на последните натпревари со овој ривал дека ние сме фаворити и се надевам дека ќе биде се во ред“, изјави Висар Муслиу пред заминувањето за Лихтенштајн.

Квалификациски меч Лихтенштајн – Македонија на програмата е во петок од 20:45 часот, термин во кој ќе се одиграат и другите два натпревари од нашата група во кои водечката Германија ќе  пречека Романија, додека Ерменија која е второ рангирана гостува кај Исланд. 

Потсетување дека во овој октомвриски круг од квалификациите ќе се одигра и 8.коло, а во него Македонија на 11 октомври во понеледник на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе ја пречека Германија во Скопје.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!