Голем пад на температурите, следи и дожд – Детална временска прогноза за следните денови

Од утре следува период на претежно облачно време, преку денот значително посвежо со врнежи од дожд со променлив интензитет.

На места врнежите повремено ќе бидат пообилни со пороен карактер кога локално ќе наврнат и над 30 л/м2 за 24 часа, а ќе бидат проследени со повремено засилен ветер. Дневните температури насекаде ќе опаднат од 10 до 12 степени.

Прогноза за 08.10.2021
Минимална температура: 8°C до 13°C
Максимална температура: 11°C до 16°C
Облачно и студено со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат пообилни (над 30 л/м2) и поројни, проследени со повремено засилен југоисточен ветер.

Прогноза за 09.10.2021
Минимална температура: 7°C до 13°C
Максимална температура: 11°C до 17°C
Променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Прогноза за 10.10.2021
Минимална температура: 5°C до 10°C
Максимална температура: 11°C до 16°C
Променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!