среда, 1 декември, 2021

(ФОТО) ТРАГЕДИЈА: Возило удри и усмрти мечка на автопатот Тетово-Скопје

Четириесет и три годишен возач од Кичево со својот автомобил удрил во мечка ноќеска на автопатот Тетово-Скопје, а при инцидентот нема повредени луѓе. Поради ударот мечка е усмртена.

-Ноќеска околу 2:20 часот, на автопатот Тетово-Скопје, во близина на месноста „Карпалак“, патничко моторно возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 43-годишниот Ф.О. од Кичево, удрило и усмртило мечка.

-Нема повредени лица во возилото, соопшти денес портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

Потоа на местото на несреќата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.

Извор: sitel.com.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!