понеделник, 18 октомври, 2021

Заев: Од 1 јануари државата ќе ги покрие придонесите за секој млад до 29 години кој ќе се вработи за прв пат

Од 1 јануари 2022 година државата ќе ги покрие придонесите за секој млад до 29 години кој ќе се вработи за прв пат, а следува и дополнителен стимул за секој месец, за секој нововработен, најави денеска премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев на средбата со граѓаните од Општина Петровец на промоцијата на кандидати за Локалните избори на коалицијата предводена од Социјалдемократскиот сојуз.

-Истовремено, за оние кои се уште не се подготвени за работа бидејќи сѐ уште не развиле вештини, државата ќе го покрие трошокот на фирмите за да ви дадат пракса. Драги млади, ве повикувам, следете ги можностите кои доаѓаат и на централно и на локално ниво. Можностите се пред вас, државата и општините ги обезбедуваат, останете дома и ангажирајте се, порача Заев на собирот.

Тој нагласи дела младинската невработеност во земјава беше 42 процента, а Владата предводена од СДСМ ја намали на 29 проценти и, како што нагласи, таа и уште ќе паѓа.

-Ние сме прва земја во регионот што ја разви Младинската гаранција. Само изминатата година на овој начин се вработија над 8.400 млади луѓе. Во првите шест месеци од оваа година веќе се вработени 2.066 млади луѓе, истакна Заев

Тој се осврна и на капиталните реформи кои беа донесени од владата предводена од СДСМ во изминатиот период.

-Уште еден важен чекор за младите е студентскиот оброк што го обезбедивме за секој редовен студент, по примерот на развиени европски земји – нешто што никој не го направил досега. На 17.836 студенти веќе им се исплатени вкупно 25.7 милиони денари за месец септември. Ова е од голема помош на младите, за време на студирањето, бидејќи 9 месеци во годината ќе добиваат по 2.400 денари за храна, потенцира Заев.

На собирот на караванот „Најдоброто за мојата општина“ беа претставени и кандидатите за советници и за градоначалник на Општина Петровец, Елизабета Зелениковска.

-Петровец е влезната врата на Скопје, Петровец го заслужува „Најдоброто“, бидејќи овде живеат вредни луѓе, домаќини, а и затоа што општината навистина ни е предвесник на секој кој влегува во главниот град – каков ни е градот и каква ни е државата, порача Заев на собирот.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!