понеделник, 18 октомври, 2021

(ВИДЕО) Ја отворил ВРАТАТА на авионот и се ПРОШЕТАЛ по крилото

Патник на авионот на Американ Ерлајнс кој слетал на меѓународниот аеродром во Мајами ја отворил вратата за итни случаи и отишол на крилото на авионот.

Инцидентот се случил вчера вечер кога авионот 920 слетал на аеродромот, пишува АП.

“Полицајците веднаш го уапсија човекот. Им благодариме на членовите на нашиот тим и полицијата за нивната професионалност и брза реакција”, се вели во соопштението на American Airlines.

WPLG објавил дека немало одложувања поради инцидентот и дека сите други патници во авионот можеле да се симнат од авионот без никакви проблеми. Засега нема информации за причината поради која патникот ја отворил вратата за итни случаи.

Видеото погледнете го ОВДЕ.

Извор: kanal5.com.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!