понеделник, 18 октомври, 2021

ПУТИН ЗЕМАЛ АТРАКТИВНА АСИСТЕНТКА ЗА ДА ГО ЗБУНИ ТРАМП- Испливаа пикантерии од книгата на поранешана секретарка во Белата куќа

Стефани Гришам, поранешната секретарка во Белата куќа, изнесе бомбастични наводи во својата нова книга која се занимава со периодот на мандатот на Доналд Трамп. Во „епизодата“ која привлече големо внимание, главна улога освен Трамп, имаат Владимир Путин, но и атрактивната преведувачка која рускиот претседател ја донел на самитот Г20 за да го привлече вниманието на американскиот претседател, тврди таа.

„Рускиот претседател Владимир Путин ја понесе со себе атрактивната преведувчка која го привлече вниманието на Трамп на нивниот состанок во 2019 година, а Трамп му рекол на Путин дека ќе се однесува остро пред камерите, но кога новинарите ќе ја напуштат просторијата тогаш може „приватно убаво да разговараат“, откри поранешната секретарка Гришам во нејзината последна книга.

„Во ред, со Вас ќе се однесувам неколку минути поостро, но тоа е за камерите. Откако тие ќе заминат, ќе разговараме. Разбирате?“, рекол Трамп.

Книгата „I’ll Take Your Questions Now: What I Saw in The Trump White House” (Веднаш ќе одговорам на вашите прашања: Што видов во Белата куќа на Трамп) ја набавиле Вашингтон пост и Њујорк тајмс, а на полицијата на книжарниците ќе се најде од 5. октомври.

Според Тајмс, Гришам разговарала со Фиона Хил, административен експерт за Русија која објаснил што направил Путин за да го збуни Трамп.

„Кога состанокот започна, Фиона Хил се наведна и ме праша дали ја забележав преведувачката на Путин, многу атрактивна бринета со долга коса, убаво лице и прекрасна фигура“. напишала Гришам.

„Продолжи да зборува дека се сомнева дека Путин лично ја одбрал таа жена да го одвлече вниманието на Трамп“, вели таа.

Како што пишува Дејли мејл, атрактивната бринета се вика Дариа Бојарскаја која освен што се занимава со преведување, исто така е и танчарка.

Извор: press24.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!