петок, 29 септември, 2023

Ноќ на НАЈГОЛЕМАТА СЕНЗАЦИЈА во Лигата на шампионите: Малиот Шериф го совлада големиот Реал сред Мадрид

Вечерва се случи најголемата сензација во Лигата на шампионите оваа сезона, а можеби и во историјата. Во дебитантскиот настап во „елитата“, молдавскиот тим Шериф го совлада големиот Реал Мадрид и тоа на „Сантијаго Бернабе“ со 1:2.

Со тоа Шериф собра големи шест бода од првите две кола во ЛШ, совладувајќи го тимот на Шахтјор во првото коло.

Очигледно дека Реал Мадрид го потцени малиот тим од Тираспол, па на крајот зажали. Шериф имаше водство по првиот дел, израмни Бензема од пенал, а во 90. минута вистински шок откако молдавската екипа успеа да дојде до победата.

ПСЖ во дербито на колото, славеше над Манчестер Сити со 2:0 со головите на Гаје и Меси.

Во второто дерби, Атлетико го совлада Милан со 1:2 со пресврт во последните минути од средбата. Милан поведе со гол на Леао, а потоа остана со играч помалку откако беше исклучен Кеси. Гризман израмни во 84. минута, а потоа Суарез од пенал донесе трумф.

Бриж на гости го совлада Лајпциг со 1:2, а Ливерпул беше убедлив над Порто со 1:5. Борусија Дортмунд минимално со 1:0 го совлада Спортинг Лисабон. Ајакс беше подобар од Бешикташ со 2:0, а без голови заврши дуелот Шахтјор – Интер.

Извор: ТВ21

Коментари

коментари