




Во Скопје утре и задутре ќе има посебен сообраќаен режим поради посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен.
-Секторот за внатрешни работи Скопје ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.




-Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници – информираат од МВР.




Фон дер Лејен од 28 до 30 септември ќе ги посети сите шест земји од Западен Балкан, почнувајќи од Албанија и Македонија.
Шефицата на Европската комисија ќе го посети регионот една недела пред самитот ЕУ – Западен Балкан, кој ќе се одржи на 6 октомври во Словенија со лидерите од регионот.




Од Европската Унија инсистираат дека овој самит нема да биде самит за проширувањето, туку можност да се разговара за односите на ЕУ и регионот.




Извор: novamakedonija.com.mk