петок, 29 септември, 2023

ТАЖНА ВЕСТ ГО ПОГОДИ СПОРТСКИОТ СВЕТ: Во Јужна Африка почина легендата на Партизан, Бобан Петровиќ

Легендарниот крилен-центар на Партизан, поранешен репрезентативец на Југославија, Бобан Петровиќ, почина на 65-годишна возраст во Јужна Африка.

“Неодамна доживеа сообраќајна несреќа, па последните денови ги мина во болница. Поради ковид мерките контактот беше ограничен, а утрово не затекна веста дека престана да чука срцето на легендарниот центар на „црно-белите“, соопштија од Партизан.

Бобан Петровиќ го носел дресот на Партизан во периодот од 1976 до 1985 година. Со 3.618 постигнати поени тој е десетти најдобра стрелец во историјата на клубот. Со Партизан два пати бил шампион во поранешната држава, освоил и два меѓународни трофеи (Купот на Радивој Кораќ во 1978 и 1979 година).

Со репрезентацијата на СФРЈ освоил сребро на ЕП во 1981 година и бронза на СП во 1982 година.

Покрај за Партизан, во кариерата играл и за Ремс, Олимпја Љубљана, Манреса, Напредак и Хаселт.

Извор: ulica.mk

Коментари

коментари