понеделник, 18 октомври, 2021

„Оние кои ИНСИСТИРААТ да не се ВАКЦИНИРААТ треба да се ОТСТРАНАТ од ТИМОТ“ – Радикален став на еден од најдобрите кошаркари на сите времиња

Една од најголемите приказни во НБА во последните месеци е пандемијата на коронавирусот и вакцинацијата за борба против коронавирусот.

Голем дел од играчите истакнаа дека нема да бидат вакцинирани и на тоа реагираше легендата на НБА лигата.

Карим Абдул-Џабар, еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, во интервјуто за „Ролинг Стоун“ жестоко ги критикуваше сите кошаркари кои одбија да се вакцинираат.

-НБА лигата треба да инсистира сите играчи и вработени да бидат вакцинирани. Оние кои не сакаат да го сторат тоа мора да бидат отстранети од тимот.

-Не смее да има простор во соблекувалната за играчи кои се подготвени да го ризикуваат здравјето и животот на нивните соиграчи, луѓето во клубот и навивачите само затоа што не разбираат колку е сериозна ситуацијата.

Ме нервира лицемерието и непромисленоста на овие играчи кон имунолозите и другите медицински професионалци. Доколку нивното дете е болно или има потреба од итна медицинска помош, колку мислите дека треба да го направи она што го велат експертите?

Оние што се противат на вакцинацијата, директно придонесуваат за пораст на смртноста од последиците од ковид-19. Многу сум загрижен за оваа состојба. Имаме многу будали кои не можат да ги разгледаат проверените научни докази и сами да дојдат до заклучок – вели Абдул-Џабар.

Извор: slobodenpecat.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!