понеделник, 18 октомври, 2021

Македонски камионџија направил ХАОС во Холандија: оштетил мост, водовод и велосипедска патека

Илјадници евра казна доби камионџија од Македонија за маневарот во кој предизвикал значителна материјална штета врз велосипедска патека, дрвен мост и водовод во општината Хоекше Вард во јужниот дел на Холандија.

Тој требало да испорача товар до фабриката за млечни производи „Фрисланд кампина“ во Маасдам, но сè тргнало наопаку кога запрел со камионот на спротивната страна од местото на испораката.

Наместо да заврти во спротивната лента, тргнал по велосипедската патека, со надеж дека на крајот ќе се врати на патот.

Преминал преку дрвен мост, кој не издржал под огромната тежина на камионот. Возачот, сепак, не се откажал, мислејќи дека може да се извлече, но на крајот заглавил со возилото во калта.

Во својот последен обид да се ослободи, камионџијата го уништил и општинскиот водовод.

На крајот камионот бил извлечен со специјална техника, а на Македонецот му била изречена казна од неколку илјади евра за прекршување на правилата на движење, а бил задолжен да ги плати и трошоците за поправка на водоводните цевки.

Извор: makedonskivesnik.com

Коментари

коментари

error: Content is protected !!