понеделник, 18 октомври, 2021

ИМА ЛИ КРАЈ: Откриен НОВ ВИД на Ковид- 19 – содржи опасни мутации

Нов вид на коронавирусот со зголемена отпорност на антитела е идентификуван во дом за стари лица во Кентаки, каде веќе се заразени 45 корисници и вработени, пренесуваат медиумите во светот.

„Новиот вид, кој потекнува од Јапонија, е познат како „Р.1“ и содржи опасни мутации кои го подобруваат неговиот пренос, размножување и имунолошка супресија“, изјавија научниците.

„„Р.1“ треба да се следи. Утврден е во Јапонија и САД“ – напиша експертот за заразни болести, Вилијам Хаселтин.

Новиот вид на вирусот САРС-КоВ-2 е откриен откако ФДУ одобри вакцини за лица постари од 65 години и за други загрозени групи.

Од Агенцијата додаваат дека загриженоста од заразниот делта- сој значи дека е неопходно да се забрза вакцинацијата.

Извор: ulica.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!