




Попладнево во 16 часот и 04 минути, е регистриран земјотрес чиј епицентар се наоѓал во Република Албанија, 140 km југозападно од Скопје.
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот




факултет во Скопје денес во 16 часот и 04 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа во Република Албанија, 140 km југозападно од Скопје.




Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML3.6, а беше почувствуван од населението на нашата Република, особено во југозападните делови со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, соопштуваат од Опсерваторијата..