понеделник, 18 октомври, 2021

Кумановци добија кривични поради забава во двор

Двајца кумановци на возраст од 32 и 46 години добија кривични пријави поради забава во двор.

-СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.П.(32) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на

епидемија“ и против З.Г.(46) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие”.

-На 18.05.2021 околу 23.00 часот во дворно место на Д.П. била одржана семејна прослава каде биле затекнати околу 15 лица, што било спротивно на одлуките на Владата за спречување на ширењето на

ковид 19. Притоа, З.Г. одбил да се легитимира, упатувал закани кон полициските службеници и ги попречувал во вршење службени дејствија, појаснуваат од полицијата.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!