понеделник, 18 октомври, 2021

Д-р Даниловски: Тајната во успешна настава во живо во германските училишта е во честото тестирање

Нашиот најпознат епидемиолог, проф. д-р Драган Даниловски, на својот профил на социјалните мрежи, пренесе како изгледа настава во живо, во германските училишта.

Тој вели дека тајната во успешна настава во овие училишта лежи во честото тестирање, настрана маските, проветрувањето и хигиената.

-Копајќи“ низ сајтот на Министерството за образование на Долна Саксонија (една од 16 федерални држави во Германија), налетав на писмо на Министерот за образование, Грант Хендрик Тоне, до

родителите и чуварите на законот. Ми се виде интересно и го споделувам јавно, зашто низ содржината можеме да стекнеме (груба) претстава како успешно функционира наставата во живо во тамошните училишта, со секојдневно имање увид во

епидемиолошките ризици и со мерки за нивно минимизирање. Како до увид? Тајната е во честото тестирање – секој втор ден – и тоа, дома! Настрана маските, проветрувањето, хигиената. И нам урнек да ни биде, напиша тој во својата објава.

Извор: press24.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!