понеделник, 18 октомври, 2021

Со мопед удрил во „пасат“, па паднал – едно лице тешко повредено

Прилепчанец бил тешко поврден откако со неговиот мопед удрил во патничко возило во Прилеп, соопшти полицијата.

Вчера во 13.30 часот било пријавено дека во Градската болница Прилеп било донесено лице со повреди здобиени од сообраќајна несреќа.

Од полициски службеници било излезено на местото, при што било констатирано дека околу 09.00 часот на ул.„Јоска Јорданоски“ мопед „генерик“, управуван од М.С.(52) од Прилеп удрил во патничко возило

„пасат“, управувано од Г.Т.(46) од Прилеп, двете со прилепски регистарски ознаки, по што М.С. паднал од мопедот и се здобил со тешки телесни повреди.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!