Од полноќ НОВИ ЦЕНИ на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги утре ќе ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 минатата недела се зголемија за 1,00 денар/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното

масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се сменија, односно останаа на исто ниво, како што биле утврдени со одлуката од 06.09.2021 година.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголеми за 0,552 денар/килограм и сега изнесува 38,395 ден/кг.

Од 14.9.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 75,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 63,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 63,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 38,395 (денари/килограм)

Останува да видиме дали не очекува ново поскапување.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!