вторник, 18 јануари, 2022

Колку од починатите од ковид досега имале хронични болести?

Дали Македонија е здрава нација? Од 41 починати и евидентирани во вчерашната статистика, дури 29 имале најмалку по две хронични заболувања.

Од над 6000 те граѓани кои во пандемијата како последица на вирусот ја изгубија битката, повеќе од 70 проценти биле со коморбидитети. Зошто 18 и 19 годишници имаат астма или невролошки заболувања а помлади од 15 години се премногу гојазни?

Каде е превенцијата во Македонија или и понатаму најголем број од граѓаните на лекар одат само кога нешто ќе ги заболи па и во време на ковид криза.

-Со короната превентивните прегледи маслку се успорија и затоа апелирам до нашите грашани да ја подигнеме превенцијата. Тука сме ние матичните лекари и во ова време народот плашејќи се од короната не одеа на прегледи на контроли и многу граѓани починааа од малигни заболувања, вели др. Лилија Чолакова Дервишова, матичен лекар

Превентивните прегледи можат да откријат одредена болест навреме, но по дијагностицирањето неопходни се и редовни контроли за следење на заболувањето кои пак овој период им се недостапни на голем број пациенти. Она на што апелираат матичните лекари е да има што повеќе термини за да не дојде до влошување на состојбата.

-Мора да се ресетира здравството да имаме термини, ние сега немаме доволно термини еве на пример за мамографија а тоа ни треба, вели др.Чолакова.

Освен одењето на лекар и кога ништо не ве боли за превентивна проверка, за поздрава нација треба и здрав живот со физичка активност и промена во начинот на исхраната.

За здравствените власти, пак, во овој бран на голема смртност неопходна е и масовна вакцинација бидејќи од вчерашните 41 починати, 38 не биле вакцинирани.

Извор: sitel.com.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!