понеделник, 18 октомври, 2021

Во Струга почна Европскиот клупски куп во шах

Познати шаховски имиња од Европа во наредните седум дена ќе ги одмерат силите на 36. Европски клупски куп во шах, што од денеска до 24 септември ќе се одржува во Струга во организација на Шаховската федерација на Македонија.

Земјава, како што информира претседателот на Шаховската федерација Александра Гакидова, по трет пат е домаќин на ваков голем настан. Сите европски држави, според неа, се застапени преку своите најсилни клубови, засилени со шахисти од целиот свет.

-Имаме учесници од Русија, Украина, Шпанија, Франција, Исланд, Норвешка… Го очекуваме да дојде и светскиот првак во шах Магнус Карлсен, еден од најдобрите играчи на денешницата. Учествуваат голем број играчи, велемајстори од Европа и навистина ни е драго што ни се гости, изјави Гакидова.

За Федерацијата, додаде, чест и голема одговорност е да се има ваков куп во земјата.

-Македонија е позната како добар организатор, досега имаме организирано многу европски шаховски настани и ова е уште еден предизвик да покажеме дека можеме и да докажеме дека имале право зошто веруваат во нас и ни доделиле организација на ваков голем настан, истакна Гакидова.

Чест и задоволство што клупската шаховска елита е собрана во Струга е и за директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски.

-Вакви велемајстори, познавачи на шахот машки и женски досега не се собрале на едно големо натрпеварување во Струга. Задоволството е наше што ова се случува тука и се надевам дека ќе ги претставиме

Струга и Македонија во најдобро светло. Ова е голем настан, доаѓаат шахисти од цела Европа и се надевам дека ќе си поминат добро, изјави Мојсовски, кој како фан на Магнус, го очекува неговото пристигнување и размена на искуства со учесниците.

На Европскиот клупски куп во шах ќе учествуваат 46 клубови, меѓу нив 85 велемајстори и повеќе од 180 титулирани играчи. Во групи од по шест играчи во машка конкуренција и по четири во женска ќе се одржуваат по 100-тина натпревари дневно.

Извор: kanal5.com.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!