понеделник, 18 октомври, 2021

Исплатени над 230 МИЛИОНИ ДЕНАРИ за субвенции во земјоделството и руралниот развој

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 4.846 субјекти исплати 230,1 милиони денари за субвенции. Директорот на Агенцијата, Никица Бачовски, информира дека овие исплати се за неколку мерки.

„По три денари од килограм добиваат градинарите што оствареното производство од пријавените површини го предале во преработувачки капацитети. Денеска, за оваа мерка на сметките на 3.310 градинари исплативме 168,9 милиони денари. Вчера беше исплатена и финансиска поддршка за градинарите што минатата

година имаа произведена зелка во период од 5 април до 5 мај 2020 година. Тие добиваат по 3 денари за килограм, односно вкупно 708 лица добија финансиска поддршка од 30,4 милиони денари, кои имаа произведено пролетна зелка од почетокот на април до почетокот на мај лани и ја имаа предадено кај регистрирани откупувачи. А

средства на сметките добија и сите земјоделци што оствареното производство на овошни култури го предале во производни капацитети. За оваа мерка исплатени се 16,7 милиони денари на 172 овоштари, односно три денари за килограм произведено и предадено овошје во преработувачки капацитети. Веќе утре на сметките на 656 мали земјоделски стопанства ќе бидат исплатени над 14 милиони денари“, истакна Бачовски.

Според надлежните, исплатата на преостанатите мерки ќе продолжи.

„Сите што правно законски стекнале право за добивање финансиска поддршка во земјоделството и не се должници за вода, пашарина или закуп на земјоделско земјиште, ќе си ги добијат средствата за мерките за кои имаат аплицирано. Земјоделците се наш партнер, нивно е да

произведуваат квалитетни култури, а Владата и Агенцијата ќе продолжат да креираат мерки и политики што ќе овозможат поволни услови за развој на агросекторот“, потенцираат од Агенцијата.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!