Пендаровски: Нема индикации дека пожарот е подметнат

До овој момент нема никаков индикатор дека пожарот е намерен со цел да се да се постигне некаква друга политичка цел.

Ова го истакна претседателот на државата Стево Пендаровски кој денеска е на лице место во Тетово.

Пендаровски посочи дека во набрз рок ќе излезе со извештај и Јавниот обвинител.

-Даден е рок, веројатно пет дена за сите извештаи да ги добие од сите институции кои работат на случајот и да се види што е причината за пожарот и дали евентуално има некаква човечка грешка, истакна Пендаровски.

Претседателот информираше дека за само неколку минути изгорел целиот објект, што само по себе е предмет на детална анализа.

Извор: sitel.com.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!