понеделник, 15 август, 2022

ЗАДОЛЖИТЕЛНА ВАКЦИНАЦИЈА против Ковид- 19 и за администрацијата, полицијата, вработените во аптеките и лабораторите во Албанија

-По задолжителната вакцинација против Ковид-19 за лекарите, наставниците и студентите, албанското министерство за здравство најави дека истото ќе важи и за вработените во администрацијата, полицијата, вработените во аптеките и лабораторите.

-Напливот на новозаболени, главно со Делта сојот, посебно кај помладата популација, услови проширување на опсегот на задолжителна вакцинација на групите кои се најзагрозени од ширењето на инфекцијата.

-Најпрво тоа го направивме за медицинскиот персонал, универзитеските работници и студенти а сега ги опфаќаме и вработените во админстрацијата, полицијата, фармацевтските работници и лаборантите, изјави Еугена Томини, заменик министерка за здравство.

-Додаде дека очекуваат во текот на овој месец, кој е отворен месец за вакцинација, оваа категорија граѓани да се имунизираат и до 30 септември да го достават сертификатот во нивниот колектив а за студентите во канцелариите определени од високото образование копија од картичката за вакцинација издадена од е-Албанија.

-Томини упат апел до граѓаните за што помасовен одзив за имунизација со цел „ да се обезбеди поголема вакцинална покриеност и да не се дозволи циркулација на мутациите на опасниот вирус“.

Епдемиолошката состојба во земјата не стивнува, поради што од вчера во функција е ставена и болницата Ковид 3 а се поготвуваат да почнат со прием на пациенти и регионалните болници.

Според последните, вчерашни, податоци од ресорното министерство опасниот вирус бил потврден кај 984 лица или 100 повеќе од претходниот ден, што е над 16 отсто од тестираните.

Како последица од заразата починале четири лица. Активни на болеста се 11.628, хоспитализирани се 106, од нив 19 во многу тешка состојба.

Извор: sitel.com.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!